Хари следен како Дијана – 2 часа со Меган бегале од папараци, избегнат поголем инцидент

Макфакс
/ 17.05.2023 / 20:58

Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд биле вклучени во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил во Њујорк додека биле следени од папараци, изјави неговиот портпарол.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски средби во кои беа инволвирани други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на њујоршката полиција“, додаде портпаролот.

Инцидентот се случил откако Меган и Хари присуствувале на церемонија на доделување награди во Њујорк.

Тоа беше прво појавување на парот во јавноста по враќањето на Хари од Лондон, каде што присуствуваше на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III.

Војвотката од Сасекс во Њујорк ја доби наградата Жена со визија! за охрабрување на жените да се борат за еднаквост.

„Никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионери на вашиот живот… Има многу да се направи“, рекла Меган на доделувањето на наградата.

На 31 август 1997 година, по вечерата во хотелот „Риц“ во Париз, мајката на Хари - принцезата Дијана - и нејзиниот тогашен вереник Доди Ал Фајед излегле на вечерна прошетка. Автомобилот со голема брзина влетал во тунел и удрил во ѕид. Возачот Хенри Пол и Доди починале на лице место, а Дијана четири часа подоцна во болница. Единствениот преживеан е телохранителот на Доди, Тревор Рис Џонс. Д-р Бруно Рион објави во 4:00 часот дека Дијана починала од внатрешно крварење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата.

Несреќата се случила додека бегале од упорните папараци, но за смртта на Дијана во јавноста циркулираат бројни теории на заговор.

Принцот Хари долго време зборува за својот гнев поради влијанието на медиумите врз смртта на неговата мајка, јавува британската агенција Reuters.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе