Хуманоиден робот ќе ги поправа јапонските железници

Јапонската железничка команија West Japan, позната како JR West, претстави голем хуманоиден робот кој ќе извршува задачи ризични за луѓето.

Досега сме виделе различни роботи вклучувајќи и хуманоиди со многу реалистични изрази, но јапонскиот робот е нешто навистина посебно. Станува збор за робот кој има торзо и раце со кои врши различни задачи и наредби како чистење на далноводи и електрична мрежа со помош на специјална четка. Сепак, не станува збор само за чистење, бидејќи роботот е способен да ја одржува мрежата благодарение на неговите роботски раце кои се компатибилни со различните алатки.

На врвот на торзото се наоѓаат две дигитални камери кои служат како очи, односно му овозможуваат на човекот кој го контролира роботот да види што работи со помош на VR сет. Тој ги контролира роботските раце со пар контролни рачки. Ако на рацете на роботот дејствува надворешна сила, таа се пренесува на контролите на човекот кој го контролира роботот, кој потоа може да ги изврши потребните дејства.

Благодарение на хидрауличниот кран што го крева торзото, роботот може да крева тешки товари.

URL

Иако е целосно функционален, роботот сепак е само прототип развиен од Nippon Singal и Human Machinery Company. Првиот робот од ваков вид ќе стапи во употреба во 2024 година, а потоа и роботи кои наместо луѓе ќе извршуваат некои други ризични задачи. Овие работни места вклучуваат работа на далноводи, како и висини.

Иако роботите ќе си ја вршат работата побавно од луѓето, сепак се исплати бидејќи нема никаков ризик за луѓето.

реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе