Kia постигна одличен резултат на овогодинешното натпреварување World Car Awards, бидејќи моделот Kia EV6 GT се закити со титулата World Performance Car 2023 година.

Наградата, објавена на церемонијата на доделувањето на наградите на меѓународниот саем за автомобили во Њујорк, ја врачи жири од 100 истакнати меѓународни автомобилски новинари од 32 земји.
Kia EV6 GT со престижната награда World Performance Car се надоврзува на веќе одличната понуда на стандардниот модел, кој, покрај другите престижни награди, веќе ја освои титулата Европски автомобил на годината за 2022 година и Северна Америка Utility Vehicle Award 2023.

Целосно електричниот EV6 GT со вкупна моќност од 585 КС, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/час за само 3,5 секунди и максимална брзина од 260 км/час, со долг досег со едно полнење, пространа внатрешност и префинет дизајн, ја победи жестоката конкуренција од реномираните спортски автомобили со бензински мотор.
EV6 GT е дизајниран во согласност со новата насока на Kia, која нагласува дека движењето е основа на човековиот развој, бидејќи им овозможува на луѓето да запознаат нови места, да воспостават нови односи и да стекнат нови искуства. Kia сака да им помогне на клиентите да ги направат тие врски нудејќи им возбудливи модели, иновативен простор во кабината и практични услуги кои ги инспирираат клиентите и им оставаат слободно време за активностите во кои најмногу уживаат.