Кои гејмерски конзоли и спортски игри се најпопуларни во Македонија, а кои во светот?

Според најновите истражувања, конзолата PlayStation 5 и FIFA игрите се убедливо најпребаруваните поими на Google.

Информациите базирани на пребарувањата на Google се добар показател за популарноста.

Сајтот Futbin сакаше да дознае кои гејмерски конзоли се најпопуларни во светот, но и кои спортски игри, па за овие цели го земаа предвид обемот на пребарувања на Google во 184 земји во последните 12 месеци.

Најпопуларните конзоли во светот

Futbin зел предвид 21 гејмерска конзола, односно оние со најголема употреба на светскиот пазар, а според популарноста се издвоиле следните четири:

PlayStation 5

Nintendo Switch

Xbox

PlayStation 4

Резултатите покажаа дека PlayStation 5 е убедливо најпопуларната гејмерска конзола во светот, а според пребарувањата на Google, ужива поголема популарност од сите други конзоли заедно - беше најпопуларна во 56% од земјите. Интересно е што во економската теорија оваа доминација би се гледала како монопол.

Сепак, иако PS5 беше најпопуларната гејмерска конзола во 103 земји, Македонија не е меѓу нив, бидејќи таа титула кај нас ја презеде PlayStation 4, конзола стара девет години.

Nintendo Switch беше најпопуларна конзола во 36 земји, Xbox и PS4 во 11 земји, а интересно е што гејмерскиот PC беше најпребаруваниот термин само во две земји.

Најпопуларните спортски игри во светот

Futbin, исто така, ја истражуваше популарноста на спортските игри според истиот принцип, и се истакнаа следните термини:

FIFA 22

PES 22

PES 21

NBA 2K22

eFootball 22

Rocket LEague

Cricket 22

FIFA 23

WWE 2K22

Според резултатите на Futbin, FIFA 22 била најпопуларна титула во 78,8% од земјите. Во анализата беа земени предвид 179 земји, а FIFA 22 излезе на врвот во дури 141 земја, вклучувајќи ја и Македонија, што значи дека е седумпати попопуларна од PES 22 (eFootball).

Интересно е што на Американците најмногу им се допаѓа WWE 2K22, а посебна пофалба оди  за Канада, Литванија и Латвија, бидејќи Rocket League ужива најголема популарност во овие земји.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе