Кој e заштитен од делта сојот на коронавирусот?

Новите варијанти на коронавирусот уште еднаш покажаа колку е непредвидлив вирусот SARS-CoV-2.

Делта сојот, или варијантата B.1.617.2, беше наречена варијанта која предизвикува загриженост и брзо се прошири низ целиот свет. И додека многу земји ги олеснуваат рестриктивните мерки, научниците и медицинскиот персонал продолжуваат да ја истражуваат болеста COVID-19 за да се обидат да спречат нов бран.

Делта сојот носи генетски код на две други мутации, E484Q и L452R, што му овозможува сè полесно да се пробие во имунолошкиот систем на човекот и да ги напаѓа органите. Покрај тоа, бидејќи новите варијанти имаат тенденција да ја менуваат структурата на спајк протеинот, тој се врзува поефикасно со човечките клетки на домаќинот и брзо се размножува, правејќи поголема штета од оригиналниот вирус.

Луѓето кои не се вакцинирани, луѓето кои не се целосно вакцинирани и лицата со постојни коморбидитети се изложени на поголем ризик од заразување со делта варијантата на коронавирусот.

Од друга страна, ново истражување покажа кои лица имаат максимална заштита од делта сојот.

Истражувачите го проучувале имунолошкиот одговор на пет категории луѓе: оние кои биле вакцинирани со една доза, оние кои биле вакцинирани со две дози вакцина, оние кои прележале COVID-19 и биле вакцинирани со една доза, оние кои прележале COVID-19 и примиле две дози од вакцината и оние кои биле целосно вакцинирани, но во одреден момент се заразиле.

Според студијата, оние кои биле вакцинирани, а потоа заразени и оние кои прележале COVID-19 и примиле една или две дози на вакцината, имале релативно поголема заштита од варијантата делта отколку оние кои никогаш не биле заразени, но биле целосно вакцинирани.

„Вакцинацијата резултира во поблага форма на болеста ако потоа дојде до инфекција, што укажува на тоа дека и хуморалниот и клеточниот имунолошки одговор играат важна улога во заштитата“, се вели во студијата.

Колку се ефикасни вакцините?

Студијата наведува дека достапните вакцини против вирусот SARS-CoV-2 покажале ефикасност од 51 до 94 проценти во однос на оригиналниот сој. Понатаму, досегашните податоци покажуваат дека природниот имунитет стекнат со прележување на болеста може да се зајакне со само една вакцина, што значително би помогнало во заштита од делта варијантата на коронавирусот, пренесува Times of India.

„Податоците покажуваат дека ако некое лице се зарази по вакцинирањето, ќе биде заштитено од тешка форма на болеста“, се вели во студијата.

За да се заштитите од делта варијантата, носете маска каде што е потребно и вакцинирајте се. Вакцинацијата е клучен начин за градење на имунитет и помага да се заштити од инфекција, истовремено намалувајќи го ризикот од сериозни болести.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе