Кој треба прво да се вакцинира против COVID-19?

Истражувачи од Факултетот за јавно здравје Johns Hopkins Bloomberg развија калкулатор за проценка на ризикот од смрт кај луѓето со COVID-19. Тие се надеваат дека калкулаторот може да биде корисен и за проценка на приоритетите за вакцинација против коронавирус.

Алгоритмот во основата на калкулаторот користи податоци од постоечки големи студии за да се процени ризикот од смртност од COVID-19 врз основа на возраста, полот, социодемографските фактори и низа различни здравствени состојби.

„Нашиот калкулатор претставува квантитативен пристап и треба да ги надополни другите квалитативни насоки, како што се оние на Националната академија за наука и медицина, за утврдување на ризикот и распределбата на вакцини“, рече д-р Ниланџан Чатерџи, еден од авторите на истражувањето.

Новиот калкулатор за проценка на ризик беше презентиран во труд објавен во списанието Nature Medicine. Податоците собрани од истражувачите може да им помогнат на државите да ја планираат вакцинацијата на населението.

URL
Кој е изложен на поголем ризик?

Се покажа дека постарите лица и оние со постојни здравствени состојби се изложени на поголем ризик, а децата и младите најчесто имаат полесна форма на болеста. Покрај тоа, постојат јасни етнички и расни разлики - во САД е забележана поголема смртност од COVID-19 кај Латиноамериканците и Афроамериканците отколку кај белците, пишува News Medical.

Чатерџи и неговиот тим го развија својот модел на ризик користејќи неколку збирки на податоци поврзани со КОВИД, вклучувајќи една голема британска студија и стапките на смртност на ниво на држава, објавени од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC). Врз основа на овој модел, тие создадоа калкулатор кој му овозможува на корисникот да утврди индивидуален ризик врз основа на фактори како што се возраста, полот, расата/етничката припадност и историјата на болести.

Алатката може да се користи и за дефинирање на ризик за одредена група, на пример за одредена заедница, корпорација или универзитет, заснована врз комбинација на релевантни фактори што ја дефинираат групата.

Чатерџи и неговите колеги очекуваат нивниот калкулатор да биде корисен во одредувањето приоритети за доделување на првите дози на вакцини, но и други превентивни материјали, како што се маските N95. Според упатствата на Американската национална академија на науките, инженерството и медицината, здравствените работници се категоријата со најголем приоритет кога станува збор за вакцинацијата. По здравствените работници, следат постарите лица и оние со веќе постоечки состојби како што е дијабетес.

Луѓето кои имаат дијабетес или се прекумерно дебели се изложени на поголем ризик, но Чатерџи објаснува дека нивниот калкулатор зема предвид неколку фактори при пресметување на ризикот за секоја индивидуа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе