Кој всушност бил Свети Никола и како станал Дедо Мраз?

Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција, Свети Никола живеел во IV век, долго пред расколот меѓу православната и католичката црква во 1054 година. Неговите родители, богатите Грци Теофан и Нина, го добиле за време на владеењето на римскиот император Валеријан (253-260), алчен човек кој поради неговата страст кон златото организирал воена кампања против царска Персија.

На крштевањето го добил името Николаос (Νικόλαος), што во превод значи освојувач на народот. За духовниот живот го подучувал неговиот вујко Николаос, епископот патарски, со кого подоцна се замонашил во манастирот Нов Сион. По смртта на родителите Никола го продал имотот и парите им ги поделил на сиромашните. Извесен период бил свештеник во родниот град. Се одликувал со милосрдие и многумина верувале дека ќе го наследи својот вујко како епископ. Сепак, понизно, тој се повлекол во самотија, подготвен така да ја дочека смртта. Христијаните веруваат дека тогаш му се јавил Господовиот глас и му рекол: „Никола, оди кај народот на подвиг ако сакаш да бидеш крунисан од мене“. Потоа го напуштил самечкиот живот и отишол кај луѓето. Бил избран за архиепископ на градот Мира во Ликија (тогашна Римска Империја, сега регион во денешна Турција).

За време на царевите Диоклецијан и Максимијан, за време на прогонството и мачењето на христијаните, бил затворен, но и таму не престанал да проповеда и да го шири христијанството. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, но бидејќи го удрил александрискиот свештеник Ариј, кој бил обвинет за ерес, бил отстранет од Соборот и му било забрането понатаму да присуствува. Во христијанската традиција се споменува дека било одобрено неговото повторно присуство на Соборот дури кога на сон преку избраните епископи им се јавил гласот на Исус Христос и Богородица, дека му е направена голема неправда на Никола, кој ја бранел вистинската вера.

Дури и за време на неговиот живот, луѓето го сметале за светец. Го повикувале на помош кога биле болни, во неволја или немоќ. Христијаните веруваат дека одговарал на сите повици, дека им помагал на сите и дека светлина блескала од неговото лице. Во длабоката старост се разболел и умрел на 6 декември 343 година. На тој ден се празнува Свети Никола, а според новиот календар на 19 декември.

Погребан е во катедралната црква на мирликиската митрополија, а кон крајот на XI век неговите мошти биле пренесени во Бари, во манастирот Свети Јован Претеча. Покрај одбележувањето на денот на упокојувањето на Свети Никола на 19 декември, односно 6 декември, датумот кој исто така се слави во чест на Свети Никола е 22 мај, односно 9 мај, во спомен на пренесувањето на неговите мошти во Бари. Тој е и патрон на овој италијански град.

Базиликата Сан Никола во Бари

На православните икони тој е претставен како висок човек во препознатлива црвена наметка, со епископска митра на главата и стап во раката, како од вреќа им подарува подароци на децата.

Влијание врз популарната култура

Денеска празникот на Свети Никола има големо значење во целиот свет, бидејќи неговиот лик е поврзан со потеклото на ликот на Дедо Мраз, а е познат со разни имиња, како на пр. Santa Claus и Babbo Natale. Во субалпските земји и региони, Денот на Свети Никола е поврзан со Крампус, обичај чие потекло се враќа во германско-словенската традиција.

Свети Никола за прв пат во форма на Дедо Мраз се појавил на 23 декември 1823 година, по објавувањето на анонимната авторска песна „Посетата на Свети Никола“ (денес попозната како „Ноќта пред Божик“) во местото Трој во американската сојузна држава Њујорк. Песната подоцна му била припишана на Клемент Кларк Мур. Многу модерни атрибути на Дедо Мраз се востановени во оваа песна, како што се возење санка што слетува на покривите, влегување преку оџак и торба полна со играчки.

Remote video URL

Како што минувале годините, Дедо Мраз еволуирал во голема, крута фигура во популарната култура. Еден од првите уметници што го дефинирал модерниот изглед на Дедо Мраз бил Томас Наст, американски карикатурист од XIX век. Во 1863 година, во списанието Harper's Weekly се појавила слика на Дедо Мраз насликана од Наст.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе