Која држава колку COVID-19 вакцини има купено?

Минатиот месец светот ја прими одличната вест дека вакцините за новиот коронавирус се подготвени за дистрибуција, а сега, веќе 7,35 милијарди дози се веќе купени од држави или организации ширум светот.

Duke Global Health Innovation Center направи истражување околу тоа која држава колку вакцини има досега обезбедено.

Индија и Канада предничат со нарачките

Податоците покажуваат дека и покрај тоа што богатите држави на изглед најмногу купуваат, сепак лидер е Индија со дури 1,5 милијарди дози. Според проценките направени во 2018 година, Индија има 1,352 милијарди жители, што значи дека веќе има обезбедено вакцини за нешто над половина од популацијата.

На листата се и Европската Унија, која е лидер, но не е држава, како и Ковакс системот кој е глобална иницијатива за еднаква распределба на вакцини.

Затоа, пак, Канада води по број на дози по жител бидејќи има нарачано 350 милиони вакцини за население од само 38 милиони, што е еднакво на 9 дози по човек.

Вакцината како бизнис

Во моментов имаа над 200 кандидати за производство на вакцина кои се развиваат и се тестираат. Сепак, важно е да се има на ум дека не сите вакцини-кандидати успешно ќе ги минат тестовите.

Податоците покажуваат дека најпопуларна засега е вакцината на Оксфорд со продадени над 2,5 милијарди дози. Познатиот универзитет со соработка со AstraZeneca им продаде по 500 милиони вакцини на Индија и на САД поединечно, како и 400 милиони на ЕУ.

На второто место е Novavax со 1,3 милијарди, додека Pfizer-BioNTech и Moderna имаат продадено 10% и 6% од производството.

Во однос на цените, Pfizer-BioNTech продаваат за 19,5 долари по доза, што значи дека досега имаат профит од над 13 милијарди долари.

Која вакцина од каде е?

Оксфорд - универзитет во Оксфорд, Англија
AstraZeneca - британско-шведска компанија со седиште во Кембриџ, Англија
Novavax - американска компанија со седиште во Гејтерсбург, Мериленд
GlaxoSmithKline (GSK) - британска компанија со седиште во Брентфорд, Англија
Pfizer - американска компанија со седиште во Менхетен, Њујорк
Moderna - американска компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс
Janssen - белгиска компанија со седиште во Беерсе, Белгија
Sinovac - кинеска компанија со седиште во Пекинг
CureVac - германска компанија со седиште во Тибинген
Гамалея - руска компанија со седиште во Москва

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе