Откако беше објавена веста дека Ал Пачно (83) и неговата девојка Нур Алфала (29) наскоро ќе добијат дете, нејзиниот приватен живот го привлече интересот на јавноста.

Имено, двајцата се запознале за време на пандемијата и набрзо влегле во врска. Таа претходно беше со Мик Џегер.
„Воопшто не ми е грижа за годините. Срцето не знае што гледа, знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна“, изјави таа во интервју за магазинот Rolling Stones во 2018 година.
По Мик Џегер, таа беше со милијардерот Николас Бергруен, а ја поврзуваа и со Клинт Иствуд. Сепак, таа ги демантираше гласините дека излегува со Клинт.
„Не сме заедно. Нема љубовна врска. Ние сме семејни пријатели и тоа е тоа“, изјави таа за Daily Mail во 2019 година.
Дипломирала филмска продукција на Универзитетот во Јужна Калифорнија (УСК), а магистрирала во истата област на Универзитетот во Калифорнија (УКЛА). Таа е потпретседателка на Lynda Obst Productions. Потекнува од богато семејство. Нејзиниот татко Фалах е основач на ThirtyOneCapital.