
Иако многумина, кога кучешките години ги претвораат во човечки години, ги множат со 7, излегува дека новата формула до која дошле научниците е всушност подобра.
Во случај да имате куче за домашно милениче, сигурно сте слушнале за правилото дека една кучешка година е еднаква на седум човечки години. Сепак, се покажа дека таквиот метод на пресметка е погрешен. Научниците открија нова формула која може точно да го одреди бројот на години.
Стареењето не е исто од едно куче до друго куче. Помалите кучиња живеат подолго и созреваат побавно, додека спротивното важи за поголемите кучиња.
Научниците заклучиле дека секои 4,4 килограми телесна тежина го скратува животниот век на кучето за околу еден месец.
Слично на тоа, крзнените миленичиња стареат побрзо во нивните рани години, а процесот на стареење се забавува во подоцнежните фази од животот.
Не сите возрасти на кучиња се исти, а ниту стареењето помеѓу различни раси.
На возраста на кучето влијае и генетиката, така што кучето може да има тенденција да наследува болести. Се разбира, начинот на живот на кучето игра голема улога, како што се исхраната, количината на вежбање и медицинската историја.

Калкулаторот што покажува како да се пресмета возраста на кучето се заснова на упатствата и препораките на Американската ветеринарна медицинска асоцијација и таму се наведува:
Првата година од животот на кучето со средна големина е еднаква на првите 15 години од животот на човекот.
Втората година од животот е еднаква на 9 човечки години.
И секоја следна година од животот на кучето е еднаква на околу пет човечки години.
Што значи, ако вашето куче има, на пример, 9 години, тоа всушност се 15+9+(7*5)=59 човечки години.