Колку струја трошат сите електрични автомобили во Кина и каква врска има тоа со Ирска и Грција?

И покрај неверојатните бројки за потрошувачката на електрична енергија, електричните возила во Кина не доведоа до колапс на електроенергетскиот систем и инфраструктурата.

Денешна Кина е со години пред Европа и САД во речиси сите аспекти на транзицијата од возила со фосилни горива кон електрични автомобили. И речиси секој ден, во секој поглед, сѐ повеќе напредува на тоа поле.

И во ситуација кога стотици илјади електрични возила се движат низ улиците и патиштата во најнаселената земја во светот, логично прашање е колку струја трошат, пишува smartlife.mondo.rs.

Според неодамнешната анализа на BloombergNEF (BNEF), филијалата на таа агенција задолжена за следење на енергијата, сите електрични автомобили во Кина во 2023 година користеле струја за полнење на батериите колку и цела Ирска.

Ова изнесува вкупно 35 терават-часови (TWh), и треба да се забележи дека овде се земени предвид комплетно електричните возила и plug-in хибридите. За оваа година BNEF предвидува дека вкупната количина на електрична енергија што се користи за полнење на електричните автомобили ќе се искачи на дури 52 TWh, што ќе ја надмине вкупната годишна потрошувачка на Грција.

Сепак, и покрај овие неверојатни бројки, полнењето на батериите на електричните возила во Кина не доведе до колапс на електроенергетскиот систем и инфраструктурата.

Податоците кои доаѓаат од Кина укажуваат дека количината на електрична енергија што се дистрибуира до електричните автомобили преку јавните полначи веќе достигнува значително ниво, но тоа не доведе до големи проблеми или го загрози електричниот систем на земјата, пишува InsideEVs.

Од другата страна на Тихиот Океан, сепак, приказната е малку поинаква. Американските противници на електричните возила сметаат дека тие претставуваат опасност за американскиот енергетски систем. Така, за време на високите жештини во летото 2022 година, Калифорнија им нареди на сопствениците да не ги полнат своите електрични автомобили во одредени часови.

На патиштата во Кина има околу 20 милиони електрични автомобили и plug-in хибриди. Проценките велат дека минатата година во таа земја биле инсталирани 890.000 јавни полначи, што е пет пати повеќе од количината на полначи инсталирани во САД во исто време.

Електричните возила, сепак, не трошат многу електрична енергија. И така, во Калифорнија, државата каде што ги има најмногу во САД, тие учествуваат со само 1% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во целата сојузна држава.

Проценетиот раст на пазарот на електрични автомобили покажува дека во 2030 година ќе има 5,7 милиони, што ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија во Калифорнија на 4% од вкупната потрошувачка.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Авто новости

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more
 

Автомобили

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе