Кошаркарите утре во Кале играат против Естонија, Мекиќ оптимист

Македонската кошаркарска репрезентација в петок од 19 часот на домашен терен ги отвора квалификациите за ЕвроБаскетот 2025 против Естонија.

Фото: КФСМ

Победнички се враќа Адем Мекиќ во Скопје за да се стави во служба на нашиот репрезентативен колектив. Изминатиот викенд со својот Задар стигна до првиот трофеј во оваа сезона – Купот на Хрватска, па по краток одмор веќе е на тренинг со „Црвено-жолтите“.

Нашето крило ги знае квалитетите на првиот противник во квалификациите за ЕвроБаскетот 2025. И верува дека Македонија пред своите навивачи во петок навечер од 19 часот, во СРЦ „Кале“ предводена од поискусните играчи ќе дојде до триумф против тимот од Балтикот.

„Естонија е репрезентација што добро ја познаваме и на која ѝ ја препуштаме фаворитската улога. Главна одлика им е агресивноста во играта, инсистираат на брза кошарка и мислам дека во последните години играат феноменална кошарка“, вели Мекиќ, пренесува КФСМ.

Адем Мекиќ; Фото: КФСМ

„Сепак, ние сме домаќини, играме пред нашите навивачи. Имаме релативно млада селекција надополнета со искусни и квалитетни кошаркари. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме максимумот, верувам во позитивен резултат. Имаме врвни играчи како Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа Бојан Крстевски, кои имаат енормно големо искуство и квалитет, надополнети со нашата релативна младост и знаење, така што се надевам на добра игра и позитивен резултат за нас“, додава Мекиќ.

Картите по цена од 250 денари се во продажба преку мрежата на MKTickets, како и онлајн на https://mktickets.mk/event/mkd-est/.

Директен пренос ќе има на SportKlub HD.

реклама

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе