Ковачевски: Предлогот за заедница на албански општини е несериозен и неприфатлив

Неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански е предлогот за заедница на албански општини во Северна Македонија - одговори премиерот Димитар Ковачевски прашан за коментар за оваа идеја на партијата Алтернатива.

– Вчера имавме и реакција како политичка партија, се работи за несериозна идеја. Односите во нашата држава се решени со Охридскиот рамковен договор кој го потпишаа претставници на сите политички партии - и на Македонците, и на Албанците, за кој гаранција се САД и Европската Унија. Врз основа на тој Охридски рамковен договор, Северна Македонија денес претставува пример за соживот и остварување на правата на сите етнички заедници во државата и врз негова основа во нашата држава се изградени институции за заштита и унапредување на правата на помалите заедници на највисоко ниво споредено со сите други држави во Европа, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето социјални станови во Гостивар.  

Од друга страна, како што рече, во Косово постои друг договор кој исто така е потпишан помеѓу две страни и кој ги решава проблемите што постоеле во минатото во Косово.

– Ние овде заедно сме си ги уредиле правата како ќе живееме и како ќе напредуваме и врз основа на тоа сме станале земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ и безбедноста и стабилноста на нашата држава е на толку високо ниво изградена по 2001 година што земја депонент на договорите од Берлинскиот процес, кој ги потпишаа сите земји од Западен Балкан се депонирани во нашето Министерство за надворешни работи. Оттука сметам дека таквиот предлог е неприфатлив, несериозен, нееверопски и неамерикански, рече премиерот.

За оние кои го заговараат тој предлог смета дека се или неинформирани или, како што рече, „недобро ги разгледале договорите што ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“.

– Ќе треба малку повеќе да се задлабочат во тоа на кој начин се решени проблемите во Северна Македонија, а на кој начин ќе бидат решени проблемите во Косово, нормално преку заемен договор помеѓу Косово и Србија со посредништво на САД и Европската Унија, додаде Ковачевски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more
 

Вести

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе