КОВИД ризик: Најопасно е дружењето во кафулиња, ресторани и дома

Времето поминато во кафулиња, барови или ресторани го зголемува ризикот од инфекција со коронавирусот, соопштија француски научници, а викањето пријатели или членови на семејство на ручек во вашиот дом исто така игра клучна улога во ширењето на инфекцијата.

Најновото истражување е дополнителен доказ дека дружењето и одењето во ресторани се многу поопасни од другите активности како што се користење јавен превоз или шопинг, пишува француската новинска агенција Agence France-Presse.

Резултатите од истражувањето се објавени во време кога Европа и САД се соочуваат со сѐ поголем број луѓе болни од COVID-19 на почетокот на празничната сезона која обично ја карактеризираат забави и семејни собири.

Научниците од Францускиот институт Пастер истражија според кои фактори – како професија, начин на превоз, места кои се посетуваат – се разликуваат луѓето кои се заразиле со коронавирусот од оние кои не се заразиле.

„Забележавме дека зголемениот ризик е поврзан со одење во барови и ресторани“, рече авторот на студијата Арно Фонтанет, епидемиолог и член на научниот совет што ја советува Владата.

Анкетата беше спроведена во октомври и ноември за време на почетниот период на ограничување на движењето, а потоа и за време на построгите рестриктивни мерки кога голем број локали беа делумно или целосно затворени.

Фонтанет за AFP рече дека, бидејќи баровите и рестораните не работат на вообичаен начин, било тешко да се прецизира нивната улога во ширењето на болеста и призна дека затворањето на овие објекти е чувствително прашање.

Француските кафулиња и ресторани останаа затворени дури и откако беа укинати ограничувањата на целата држава претходно оваа недела.

Истражувачите испитале 3.400 лица заразени со коронавирус и други 1.700 кои не се заразиле.

Откриле дека одењето во ресторани, барови или теретани е поврзано со зголемен ризик од инфекција, додека употребата на јавен превоз и одење во продавници не се поврзани со зголемен ризик.

Здравствените власти ширум светот ги советуваат луѓето да избегнуваат престој во затворени простории со слаба или никаква вентилација, а меѓу научниците постои растечки консензус дека новиот коронавирус може да се шири во ситни облаци од честички познати како аеросоли кои се собираат во слабо проветрени места.

Студија што во септември ја спроведоа Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC) покажа дека имало двојно поголеми шанси дека возрасни лица кои се заразиле со коронавирусот биле во ресторан во претходните две недели во споредба со луѓето кои имале негативен резултат на КОВИД-тестот.

Nature: Повеќе инфекции во теретани и кафулиња

Во ноември, според студијата објавена во стручното списание Nature, најголем дел од заразените во САД посетувале ресторани, теретани и кафулиња. Користејќи податоци од мобилните телефони на 98 милиони луѓе, истражувачите откриле дека околу 10% од локациите биле поврзани со повеќе од 80% случаи на заразени со коронавирусот.

Француското истражување што го водеше Фонтанет се обиде да утврди различни околности на зараза со проучување на податоците за здравствено осигурување на 25.600 заразени лица.

Откриле дека „ручеците и вечерите играат централна улога во овие инфекции“ затоа што луѓето седат блиску еден до друг без маски. Приватните собири со семејството и пријателите се главниот извор на инфекција“, вели Фонтанет.

„Нема голема разлика дали ќе јадете во голема група дома или во ресторан“, вели тој.

Научниците ја нагласуваат важноста на тоа ваквите собири да се одржуваат на најбезбеден можен начин за заштита на најранливите групи за време на празниците.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе