„Кралевите“ не застануваат: Реал Мадрид го купи Ферланд Менди за 48 милиони евра

Како што тргна летово за Реал Мадрид, составот кој ќе имаат можност да го гледаат навивачите на Сантијано Бернабеу ќе биде многу различен од оној во изминатата сезона. Синоќа „кралевите“ комплетираа уште еден трансфер – клубот го засили Ферланд Менди, кој доаѓа од францускиот Олимпик Лион.

Трансферот синоќа беше потврден од страна на двата клуба, a Ферланд Менди би требало да ги помине медицинските прегледи веќе наредната недела.

Менди е лев бек кој има 24 години и зад себе остава фантастична сезона во дресот на Олимпик Лион. Интересот за него се зголемуваше во текот на сезоната, а селекторот на француската репрезентацијата Дидие Дешамп уште минатата недела најави дека тој ќе се пресели во Мадрид ова лето.

Во Лион пристигна од Ле Авр во 2017 година, а оттогаш одигра 79 натпревари, постигна три гола и забележа седум асистенции. Минатиот ноември дебитираше за француската репрезентација во пријателски натпревар против Уругвај, а потоа имаше уште еден настап за светскиот шампион.

Како најзагрозен од овој трансфер би можел да се чувствува Марсело, кој минатата сезона го загуби загарантираното место во првиот состав, а пред само неколку дена клубот му соопшти дека има слобода самиот да одлучува за неговата иднина во клубот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе