Кралицата Елизабета II во иднина со помалку службени должности

Кралицата Елизабета II во иднина ќе има намален обем на службени должности. Како што пишува People, имено, во годинашниот официјален извештај на Монархијата, објавен минатата недела, нема задачи што кралицата „мора да ги исполни“ во списокот.

Односно, 13-те точки што ја опишуваат улогата и должностите на кралицата сега даваат малку поопшт опис. Овој потег е прв од ваков вид по повеќе од 10 години, а се чини, тоа е и показател за малку полошата здравствена состојба на кралицата која има 96 години и сѐ помалку може да се движи.

Според наводите, дел од јавните должности на кралицата ги презеле принцот Чарлс и принцот Вилијам, како нејзина замена, кои, на пр., наместо Елизабета II, се појавија на свеченото отворање на Парламентот во мај годинава.

Кралицата минатиот месец го прослави платинестиот јубилеј на престолот, т.е. 70 години на чело на Обединетото Кралство. По тој повод беше организирана голема свеченост што траеше четири дена, а таа отсуствуваше на повеќе настани од официјалната програма.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Регион

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Read more

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе