Крос останува во Реал, ќе ја одигра 10-тата сезона во дресот на кралскиот клуб

Германскиот играч за врска Тони Крос го продолжи едногодишниот договор со Реал Мадрид и сега има договор до јуни 2024 година, соопшти денеска шпанскиот клуб.

Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер истекува на крајот на месецот.

Крос пристигна во Реал во 2014 година од Баерн и со Кралскиот клуб освои четири ЛШ, три титули во шпанската лига и три шпански купа и пет светски клупски првенства.

Тој беше и светски шампион со германската репрезентација во 2014 година.

Уште пред да дојде во Реал ја освои Лигата на шампионите со Баерн кој од мадридскиот клуб инкасира 25 милиони евра.

До денес за Реал има одиграно 417 натпревари.

Инаку, Крос израсна во младинските селекции на Грајфсвалдер, Росток и Баерн. Пред 16 години беше прекомандуван во првиот тим на Баерн, а пред да замине во Реал играше за Леверкузен.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе