Крпач сам се пријавил за сведок во СЈО, за него не се водела никаква постапка

Академскиот уметник Коста Крпач, чие тело беше најдено вчера во неговиот стан во Капиштец со прострелна рана на градниот кош, бил сведок во рамки на предистражна постапка што се водела во ова Обвинителство.

Како што соопштуваат од Обвинителството, Крпач доброволно се јавил во ова Обвинителството да биде сведок. Оттаму најостро ги демантираат наводите на одредени медиуми дека ова Јавно обвинителство правело било каков притисок врз Крпач.

„Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач“, се вели во соопштението.

Обвинителството поседува докази дека Крпач се наоѓал под притисок, но поради доверливоста на информациите не ги соопштуваат деталите.

„Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба ние сме отворени за соработка со органите на прогонот кои ја испитуваат смртта на сега покојниот“, соопштуваат од Обвинителството.

Пред специјалното обвинителство никогаш не била водена кривична постапка против Крпач и тој никогаш немал својство на осомничено лице.

„Од тие причини за нас нејасна е одлуката на Претседателот на Република Македонија да го помилува токму ова лице и сè уште чекаме одговор на поднесеното барање за достава на податоци од каде му се информациите на Претседателот на Република Македонија дека наводно против ова лице се водела кривична постапка“, се вели во соопштението.

Од Обвинителството апелираат до медиумите да не објавуваат непроверени информации.

„Би сакале да им укажеме на одредени медиуми да се воздржат од објавувањето на тенденциозни натписи и непроверени информации, кои не само што фрлаат невистинито светло на настаните, туку истите се на штета на утврдување на вистината и задоволување на правдата. Воедно повторно апелираме до сите медиуми пред да објават било каква информација, да го исконтактираат ова Јавно обвинителство, со цел проверка на информациите кои планираат да ги објават, особено имајќи предвид дека ова Јавно обвинителство доследно го почитува начелото на транспарентност и во рамки на можностите, секогаш е отворено и достапно за соработка“, апелираат од Обвинителството.

Истражните органи сè уште официјално немаат потврдено дали се работи за самоубиство. Обдукцијата на телото сè уште трае, се обработуваат трагите од местото на настанот.

Пред да биде најдено безживотното тело на Крпач тој од својот стан пукал во комбе сопственост на фирма. Неговото име се најде на списокот на аболирани лица на Претседателот, Ѓорге Иванов и беше сопственик на веб порталот Нетпрес. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе