Кружна писта станува иднината на аеродромите?

Кога некој би ви кажал дека планира да изгради аеродромска писта која ќе биде во форма на кружница и накосена како велодром, веројатно би помислиле дека се работи за луда идеја на некој стартап. Но, кога ќе прочитате дека ваква писта е проект наречен Endless Runway кој го финансира Европската комисија, ќе си кажете „тука има нешто”.

Според мислењето на холандскиот NLR (National Aerospace Laboratory), токму ваквиот дизајн е иднината на аеродромите која ќе ја зголеми ефикасноста и безбедноста на воздушниот сообраќај, а истовремено ќе има попозитивно влијание врз околината, ќе штеди гориво и ќе ја намали бучавата.

Идејата на NLR не е баш нова - ваква писта тестирала американската војска уште во 1960-тите години, иако никој до денес не изградил комерцијален аеродром по овој принцип.

Идејата е на кружна писта со должина од 3,5 километри со накосена „банкина” да им се овозможи на авионите успешно да слетуваат и да полетуваат од било кое место во било која насока, а накосеноста на аеродромот во целост го елиминира влијанието на ветерот кој претставува голем проблем на стандардните писти. Веќе се вршат тестирања во симулатор, а пистата на тестирањата се покажува како целосно ефикасен систем, што можете да видите во видеото подоле:

Иако должината на пистата ќе изнесува како три прави писти, NLR вели дека ваквата писта ќе има оперативност како четири такви, а ќе има можност три авиони истовремено да слетуваат и полетуваат во секој момент.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе