КСС: Исплата на цела плата за работниците кои ќе заболат од COVID-19 на работа

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска уште еднаш го повтори своето барање за исплата на 100 проценти плата за оние работници кои ќе се заразат на работното место со COVID-19 и за оние кои се спречени да одат на работа поради изолација.

Синдикатот укажува дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да се направат дополнителни проценки на ризик на работните места со Изјава за безбедност со која би се утврдиле сите можни штетности и опасности на секое работно место.

– Во изминатата година, многу пати укажавме дека согласно Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработени изложени на биолошки штетности, SARS-CoV-2 е запишан како корона вирус од фамилија coronaviridae, што е во согласност со дополнувањето на Европската Директива за биолошки агенси и заштита на работниците од ризици, за вирусите од фамилијата coronaviridae имаме утврдено безбедносно ниво 2 (два) исто како и европското законодавство. Од појавувањето на корона вирусот, КСС заедно со стручните лица за заштита при работа од Македонското здружение за заштита при работа, бара од институциите во целост да ги спроведат законите и на сите работници кои што заболеле на работното место или се во самоизолација да им се исплаќа 100 проценти плата, наведува Синдикатот.

Бараат од надлежните институции да го почитуваат и спроведуваат законот.

– КСС останува доследен на барањето, за секое неисполнување на работничките права согласно закон ги повикува надлежните т.е Владата и Државниот инспекторат за труд да стават крај на уништувањето на работникот и неговите права со било какви Уредби и Заклучоци, со кои се суспендира Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, се вели во соопштението.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе