СЕРИЈА А 2020/21

Лантерна дербито без победник, Пандев не успеа да постигне гол

Пресметката број 75 на Сампдорија и Џеноа резултираше со 27. реми откако двата тима постигнаа по еден гол во противничката мрежа. 90 минути одигра нашиот Горан Пандев.

Дербито почна надежно за Пандев кој уште во 4. минута имаше обид за гол, но неговиот удар надвор од шестнаесетникот заврши непрецизно крај голот.

Во 23. минута Пандев беше фаулиран пред домашниот шестнаесетник, но судијата Федерико Ла Пена не се одгласи, а Сампдорија поита во контра. Чехот Јакуб Јанкто премногу лесно го исфрли од игра Доменико Кришито и со добар удар ја доведе Сампдорија во водство. Гостите се бунеа кај судија поради недосудениот фаул врз Пандев кој резултираше со гол во нивната мрежа, но ВАР не реагираше, па резултатот остана непроменет.

„Блучеркјатите“ го слават водството

Џеноа израмни во 28. минута кога нафрлувањето на Пандев резултираше со гол на Џанлука Скамака, негов прв сезонава во Серија А.

Скамака и Пандев во израмнувачиот гол

Во вториот дел продолжи брзото темпо, а двата тима имаа по неколку шанси од кои најсериозна беше на нововлезениот Кеита Балде кој во 71. минута ја затресе стативата од голот на Матија Перин.

Пандев пред Албин Екдал

Нашиот Горан ги одигра комплетните 90 минути во дербито, но за жал не упсеа да се запише во листата на стрелците. Како што пишувавме вчера, Дерби дела Лантерна е единственото градско дерби на кое Пандев играл, а не постигнал гол. Нова шанса ќе има на пролет.

Со ова реми Џеноа има 5 бодови и е н 15. место, додека Сампдорија со 10 е осма. Пандев и соиграчите веќе в среда имаат нов натпревар, оној одложениот со Торино од 3. коло кога поради голем број на позитивни во својот табор не беа во можност да играат.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе