НБА 2023/2024

Лејкерс без Леброн и Дејвис ги среди Селтикс среде Бостон

Ноќеска на терените ширум НБА се одиграа четири натпревари, но не недостигаа возбудувања откако во „ТиДи Гарден“ се одигра најголемото дерби во лигата меѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс.

Изненадувачки, Лејкерс победија со 114:105, иако на нивниот тим му недостасуваа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, кои се повредени.

На крајот фантастичниот Остин Ривс беше промовиран во херој на „Езерџиите“ со 32 поена, додека дабл-дабл ефект имаа Д'Анџело Расел со 16 поени и 14 асистенции и Џексон Хејс со 16 поени и 10 скокови.

URL

Кај Бостон потфрлија апсолутно сите главни ѕвезди, а Џејсон Тејтум беше подобар од останатите со 23 поени, но од поле шутираше 8/21. По 17 поени уфрлија Кристапс Порзињѓис и Сем Хаузер.

Бостон и натаму е убедлив лидер на Истокот, а го запиша 12-тиот пораз, односно само третиот на домашен терен сезонава (загуби и од Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс).

Remote video URL

Плејмејкерот на Филаделфија 76ерс, Тајрис Макси, го одигра натпреварот на својот живот, постигнувајќи дури 51 поен во победата на неговиот тим над Јута Џез од 127:124. Макси на теренот мина 41 минута, а од поле погоди фантастични 17/27 од кои 7/9 за три поени.

URL

Она што е импресивно е што Макси не загуби ниту една топка во текот на целиот натпревар.

Remote video URL

Блескаше и Џејлен Брансон со 40 поени (шут од поле 15/30) во победата на неговиот Њујорк Никс над Индијана Пејсерс од 109:105.

Remote video URL

Резултати:

Њујорк Никс - Индијана Пејсерс 109:105
Бостон Селтикс - Лос Анџелес Лејкерс 105:114
Мемфис Гризлис - Кливленд Кавалирс 101:108
Јута Џез - Филаделфија 76ерс 124:127

Табела:

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Кошарка

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе