Левица: СДС и ДПМНЕ ја изгласаа сопругата на адвокатот на Заев за нов член на Антикорупциска

Со 97 гласа „за“ пратениците на широката коалиција, составена од СДС, ДПМНЕ и ДУИ, минатата недела заеднички го изгласаа новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, велат од Левица.

Според Левица, за нов член на антикорупциската комисија е избрана судијката Софија Спасова-Медарска, сопруга на партискиот адвокат на Зоран Заев, Филип Медарски, кој го застапуваше во случајот „Поткуп“.

„Токму ДПМНЕ во минатото обвинуваше дека фамилијата Медарски го има узурпирано правосудниот систем, каде што обвинителка во вишото ЈО е мајката на Филип Медарски, Елица Медарска.

По којзнае кој пат се потврдува работата на оваа широка коалиција во Собранието, особено кога станува збор за партизација на институциите. Довербата во работата на судството е минорни 2 %, а овие три партии правосудните институции ги имаат претворено во фамилијарни династии.

За ваквиот скандалозен избор на новиот состав на ДКСК реагираа и од Платформата на граѓанските организации. Тие обвинија дека процесот на селекција бил пристрасен и партизиран, што доведува до загриженост за непристрасноста на новоизбраните членови“, се истакнува во реакцијата на партијата.

Левица, како што додаваат, со нетрпение очекува да ги види „резултатите“ од борбата против корупцијата, која треба да ги спроведе сопругата на адвокатот на аболицираниот поранешен премиер.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе