На CES 2017, саемот за електроника во Лас Вегас, LG го претстави својот најнов производ - најтенкиот телевизор во светот, што наликува на слика на ѕидот.
Станува збор за паметен телевизорот LG Signature 4K OLED W7 кој е тенок колку смартфон, а ќе доаѓа во две големини 65 и 77 инчи.
Тежок е вкупно 7,7 килограми и е наменет за поставување исклучиво на ѕид.
Телевизорот има само еден кабел кој го поврзува со звучен уред, на кој се поставени HDMI приклучоците и слично.
LG Signature 4K OLED W7 ќе се најде на пазарот оваа пролет и иако сè уште не е позната цената, се очекува да чини околу 10.000 долари.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=I0O3xqoWTSs]