Либералната партија ѝ дава поддршка на новата влада на Зоран Заев која доцна синоќа беше изгласана во Собранието на Република Македонија.
„Полноќниот избор на новата влада на Република Македонија во вистинска смисла на зборот навести дека доаѓаат нови денови што носат свои особености и своја логика. Таа појава премиерот Заев ја објасни како 'чекорење во животот'. Ние му посакуваме успех во работата на премиерот и на целата влада. Такво е чувството и кај убедливото мнозинство на граѓаните на Македонија, бидејќи сите тие очекуваат позитивни промени“, се вели во соопштението од Либералната партија.
Оттаму му изразуваат почит на и на претседателот на Собранието Талат Џафери кој помогнал да биде „напуштен методот на бојкот и насилство во работата на парламентот“.
„Тој веќе го положи испитот, и му посакуваме во таков стил и со таква ефикасност да го води Собранието до крајот на неговиот мандат. Текот на оваа седница може да биде добар знак и за однесувањето на опозицијата во периодот што претстои до крајот на мандатот на овој состав на Собранието и до изборите во декември 2020 година“ велат од Либералната партија.