Листа на најсреќни земји за 2022: Финска повторно прва, Македонците не многу среќни

Според извештајот на ОН, петта година по ред Финска е најсреќната земја во светот.

Извештајот за среќа во светот е публикација на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој, која се базира на податоци од глобално истражување на луѓе од околу 150 земји.

Пандемијата, конфликтите и растечката неизвесност го доведуваат светот до работ, но има и добри вести за човештвото - добротворството расте на глобално ниво.

Петта година по ред, Финска е најсреќната земја во светот, според Светскиот извештај за среќа, кој во голема мера се заснова на животните проценки од глобалната анкета на Gallup.

Нордиската земја и нејзините соседи Данска, Норвешка, Шведска и Исланд се многу добро оценети за мерките што ги користи извештајот за да ги објасни своите наоди: животен век, БДП по глава на жител, социјална поддршка во време на неволја, ниска корупција и висока социјална доверба, великодушност во заедница каде што луѓето се грижат еден за друг и слободата да носат клучни животни одлуки.

Втора на овогодинешното рангирање е Данска, а трет е Исланд. Шведска и Норвешка се на седмата и осмата позиција за најсреќна земја, соодветно.

Швајцарија, Холандија и Луксембург се рангирани од четвртото до шестото, додека Израел е на деветтото место. Топ 10 ги комплетира Нов Зеланд.

Во топ 20 најсреќни земји се најдоа Австрија и Австралија, кои ги зазедоа 11-тото и 12-тото место, а потоа Ирска и Германија на 13-тото и 14-то место.

Петнаесеттото место на листата на најсреќни земји ѝ припадна на Канада, а САД го зазедоа 16-тото место. Веднаш зад нив е Обединетото Кралство, а потоа се Чешка, Белгија и Франција.

Според ова истражување жителите на Северна Македонија не се многу среќни бидејќи државата е рангирана дури на 92. место.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе