ЛКЛ 2019/20

Литванците се откажаа, Жалгирис прогласен за шампион

Најдобрата кошаркарска лига на Литванија официјално ја прекина сезоната поради корона вирусот.

Литванската кошаркарска лига (ЛКЛ, Lietuvos krepšinio lyga) извести дека сезоната 2019/20 е дефинитивно завршена, а шампион е моментално водечката екипа на Жалгирис.

Вкупно се одиграа 24 кола по кои Жалгирис убедливо води со 22 победи и само 2 пораза. Втор е Ритас со скор од 17-7. До крајот требаше да се играат вкупно 36 кола, а потоа ќе следуваше плеј-оф за шампион.

„Светската здравствена организација прогласи пандемија на светско ниво. Поради виша сила, бордот на ЛКЛ одлучи да стави крај на сезоната 2019/20 во ЛКЛ и да го круниса лидерот во регуларниот дел, Жалгирис од Каунас, за шампион на 27-мата по ред сезона“, стои во соопштението на лигата.

Ова е вкупно 22. титула за Жалгирис кој е најтрофеен клуб во историјата на литванската кошарка. Само Ритас (поранешен Лиетвос Ритас) успевал да ја прекине ноговата доминација и 5 пати се закитувал со титулата.

„Ние како лига очекуваме целосно разбирање и поддршка од навивачите, спортските заедници и нашите партнери. Оваа одлука ќе има огромна долгорочна финансиска последица како по клубовите, така и по лигата. Сепак, здравјето и животот се основни вредности и ЛКЛ донесе најбезбедна одлука за играчите, персоналот и општеството“, завршува официјалното соопштение на ЛКЛ.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе