Лондон реагира на најавената тужба на ЕУ за прекршување на договорот за Северна Ирска

Лондон денеска соопшти дека Европската Унија нема причина да покренува правна постапка против Велика Британија бидејќи укинала некои одредби од северноирскиот протокол за подобрување на трговијата, што Брисел го смета за кршење на меѓународното право.

Велика Британија вчера објави закон за укинување на граничните контроли и улогата на Европскиот суд на правдата во регионот и рече дека промените се неопходни за подобрување на трговијата и намалување на бирократијата.

Тензиите се зголемуваат неколку месеци откако Лондон ја обвини ЕУ дека го попречува протокот на стоки меѓу Велика Британија и Северна Ирска со спроведување контроли насочени кон оставање на границата со Ирска, членка на Европската Унија, отворена.

ЕУ најави тужба

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ најави дека ЕУ би можела да ја тужи Британија за прекршување на договорот.

Европската унија би можела да одговори на потегот на Лондон во среда, а правниот процес би можел да потрае една година и да заврши со финансиска казна.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека „едноставно нема причина ЕУ да преземе каква било акција против Лондон. Овој предлог не им прави ништо полошо“, изјави таа за Radio BBC.

Велика Британија долго време се заканува дека ќе го укине протоколот за Северна Ирска, составен дел од договорот за излез на ОК, кој обезбедува избегнување на тврда граница на ирскиот остров и го штити договорот од Велики петок (Договорот Белфаст) од 1998 година. Протоколот има за цел да ја промовира размената меѓу заедниците и да обезбеди да нема физичка граница меѓу Северна Ирска и Ирска, а исто така да обезбеди интегритет на единствениот пазар на стоки на ЕУ.

The Times: Ова може да доведе до трговска војна

Како и во случајот со Брегзит, Британија не е обединета во ова, па едни сметаат дека новиот закон не е доволен, а други предупредуваат дека со неговото донесување Лондон станува земја која ги прекршува договорите.

Така, во уводникот на The Times пишува дека потегот на британската влада „може да му наштети на меѓународната репутација на Британија и да создаде нова несигурност за бизнисот, во време на невидени сегашни економски предизвици“.

„Во најдобар случај, потегот на владата отвора позиција за повеќегодишни правни битки, а во најлош случај за разорна трговска војна“, пишува весникот.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени оценува дека стратегијата на британската влада дополнително ги искомплицирала шансите за постигнување компромис.

„Британската влада всушност и кажува не само на Ирска, туку и на Европската унија и пошироко - дајте ни го она што го бараме, или ќе го направиме тоа со кршење на меѓународното право“, изјави Ковени за Би-Би-Си.

Шефчовиќ: ЕУ нема повторно да преговара за протоколот

Шефчовиќ вчера повтори дека новите преговори за северноирскиот протокол не се реални и дека Европската Унија нема повторно да преговара.

Како прв чекор, Комисијата ќе ја разгледа можноста за продолжување на прекршочните постапки против ОК во март 2021 година, рече тој, потсетувајќи дека ЕУ ги прекина правните постапки во септември 2021 година „во дух на конструктивна соработка за да се создаде простор за заеднички решенија“.

„Едностраниот потег на Обединетото Кралство е директно спротивен на тој дух“, рече Шефчовиќ, додавајќи дека Комисијата исто така ќе размисли за започнување нови процедури за заштита на единствениот пазар на ЕУ од ризиците од прекршување на протоколот за бизнисите во ЕУ и здравјето и безбедноста на европските граѓани.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе