СЕРИЈА А 2021/22

Лоши вести за Милан: Повредата на Ибра е посериозна одошто се мислеше

По одличниот триумф во миланското дерби, стигнаа лоши вести за Милан: повредата на Златан Ибрахимовиќ е посериозна одошто се мислеше, па Швеѓанецот дополнително ќе остане надвор од теренот.

Ибра не играше во саботата против Интер каде одлично беше заменет од Оливје Жиру, кој со два гола го реши градското дерби. 40-годишниот Златам е надвор од зелениот терен од 23 јануари кога се повреди против Јувентус и сѐ уште се нема вратено ниту на тренинг.

Според La Gazzetta dello Sport, сериозноста на повредата е многу поголема отколку што сметаа клупските лекари, па Златан ќе мора да мирува најмалку и на наредните два натпревара против незгодните Лацио и Сампдорија.

Популарниот весник со розеви страници пишува дека „со секој изминат ден не е нити ден поблиску враќањето на Ибра“. Медицинскиот тим на „Росонерите“ ја проценува ситуацијата, но историјата на повреди на напаѓачот ветеран е загрижувачка бидејќи Ибра одигра само 11 натпревари во Серија А сезонава, а пропушти 8.

Милан го пречекува Лацио утревечер на „Меаца“ во рамките од четвртфиналето на Копа Италија, додека со Сампдорија се среќава в недела во Серија А, исто така на домашен терен.

Договорот на Ибра со Милан истекува во јуни, а во саботата спортскиот директор и легенда на клубот Паоло Младини откри дека двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката на уште една сезона.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе