Полициски службеници од Македонска Каменица во понеделникот го лишиле од слобода Д.С. (57) од Македонска Каменица.
Тој, според пријавеното, со ловечка пушка му нанел прострелни рани на Д.Ј. (39) од Македонска Каменица додека бил на лов со повеќе лица во с. Пресека, Кочанско.
Според МВР, по документирање на случајот против Д.С. ќе биде поднесена кривична пријава.