Лукаку - подобро многу помала плата во Интер отколку враќање во Челси

Ромелу Лукаку е очаен да остане во Интер и по оваа сезона, а за да го оствари тоа подготвен е на драстично намалување на платата.

Белгискиот напаѓач летоска се врати во Интер преку позјамица вредна 8 милиони евра, со што доби шанса да си ја врати формата по проблематичната сезона во клубот од Западен Лондон.

Но, и оваа сезона е тешка за 29-годишниот Ромелу, кој во 15 настапи во Серија А постигна само 3 гола, а Интер веќе се изјасни дека ќе го врати во Челкси откако во јуни ќе му заврши позајмицата.

Tuttosport известува дека Лукаку не сака ни да слушне за такво сценарио и јасно ѝ ставил дознаење на управата на Интер дека е подготвен на драстично намалување на платата само за да остане во редовите на „Нераѕурите“.

Трансферот на Лукаку го чинеше Челси баснословни 113 милиони евра во август 2021, а тогаш потпиша петгодипшен договор до јуни 2026 година. Според овие бројки, во ниту една теорија Интер не би можел да го откупи неговиот договор, освен доколку Челси се согласи на значително намалување на откупната сума, што реално не е за очекување.

Останува Челси да му дозволи на Лукаку и наредната сезона да ја мине како позајмен, а тоа е за очекување да се случи бидејќи „Сините“ не би имале корист од фудбалер кој не е среќен во Лондон и воедно не е во форма. Со нова позајмица барем ќе заштедат пари на неговата огромна плата, која сега тој е подготвен драстично да ја намали за да може Интер да си го дозволи.

Лукаку на репрезентативната пауза покажа знаци на враќање на голгетерската форма откако постигна 4 гола на два натпревара. Прво ѝ даде хет-трик на Шведска на гости во победата од 3:0 во квалификациите за ЕУРО 2024, а потоа еднаш погоди и против Германија во пријателската во Келн која Белгија ја доби со 3:2.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе