Магнетна резонанса покажа што му прави мигрената на мозокот

Многу аспекти за мигрената остануваат медицинска мистерија, но научниците сега направија чекор подалеку кога станува збор за оваа состојба. Магнетна резонанса од пациент покажа какви се ефектите при појава на мигрена.

Резултатите, кои ќе бидат претставени на состанок на Радиолошкото здружение на Северна Америка, потекнуваат од снимањето на 10 учесници кои страдаат од хронична мигрена, 10 со повремена појава на мигрена  и 5 луѓе кои биле дел од контролната група. Учесниците биле на возраст меѓу 25 и 60 години.

Кога ги анализирале резултатите од магнетната резонанса, научниците забележале дека оние со хронични или периодични мигрени имаат значително зголемени периваскуларни простори кои се наоѓаат околу крвните садови и им помагаат во чистењето на течности од мозокот, за разлика од оние кои не страдаат од мигрена.

Кај луѓето со хронична мигрена и периодична мигрена постојат значителни промени во периваскуларните простори на регионот на мозокот, објаснува Вилсон Ксу, еден од авторите на студијата и професор на Медицинскиот факултет на Јужна Калифорнија.

„Овие промени никогаш претходно не биле пријавени. Не сме сигурни за точниот однос на мигрената и периваскуларните простори, но тоа би можело да го вклучи протокот на крвта во мозокот. Кога се случува мигрена, појавата може да предизвика вакви промени, а тие можат да доведат до некои симптоми кои ги доживуваме кога страдаме од мигрена“, објаснува професорот за USA Today.

Мигрените се една од најтешките состојби со кои луѓето ширум светот се соочуваат. Вообичаени симптоми се силна болка, мачнина, умор и когнитивна дисфункција.

Студијата објавена во април заклучи дека најмалку 15% од светската популација или 1,1 милијарда луѓе имаат главоболка секој ден. Од нив, половина страдаат од мигрена.

За мигрената не постои лек, ниту е познато зошто се појавува. Експертите веруваат дека најверојатно станува збор за генетска болест, а засега најдобриот начин за спречување се превентивните чекори.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе