Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три култури.

Според Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на рускиот пазар годишно извезуваме околу 15.000-20.000 тони конзумно јаболко што е 50% од вкупниот извоз, праска пласираме 60% од вкупниот извоз, додека производството на цреша во целост оди за Русија.

– Земјава годишно на рускиот пазар извезува околу 15.000-20.000 тони конзумно јаболко прва класа или 50% од вкупниот извоз што е многу значајно. Се надеваме дека забраната ќе биде тргната. Следна е праската од чиј вкупен извоз 60% оди исто така на рускиот пазар, а најлошата варијанта важи за црешата, која стопроцентно се извезува во Русија, буквално целото производство од 1.000-1.500 тони. Алтернативни пазари тешко може да се најдат за сите овие три култури, изјави Димковски. 

Тој денеска, на брифинг со новинарите, потенцира дека иако е „мртов период“, забраната за извоз сепак, најмногу ја погаѓа јаболката.

– До пролет се надеваме дека може да се средат работите. За нас ќе биде многу лошо ако праската остане под забрана за извоз. За праската е многу тешко да најдеме алтернативен пазар, конкуренцијата од страна на Грција е огромна зашто имаат посебни сорти. Од околу 8.000-12.000 тони домашно производство на праска, 5.000-6.000 тони одат на рускиот пазар. Ако се среди ситуацијата до мај, нема да има проблеми со пласманот. Во врска со јаболкото, оние земјоделци кои ја сфатија пораката пред многу години дека „ајдаред“ тешко ќе се пробие на нови европски пазари, го сменија сортиментот и сега имаат извоз не само на европски, туку и на други пазари. „Ајдаред“ не поминува, може да помине само во арапските земји, на Истокот, на рускиот пазар,..., а овој тип јаболка зафаќа до 80% од нашиот сортимент и најверојатно ќе оди за преработка. Само така ќе се извезе, но по многу пониска цена. Моментно, пет денари за килограм е индустриското јаболко, а осум до десет е конзумното, објасни Димковски.

Во моментов, додаде, земјоделците молат да ги дадат јаболката во индустријата.

– Минатите години ги завршувавме со 50% предаден род во преработувачките капацитети што е недозволиво и економски неоправдано. Годинава ќе видиме како ќе биде. Индустрија има во секое производство, но до 20%. Всушност, затоа е и мерката за поддршка на добар дел од јаболката со по три денари за килограм, што ја опфаќа целата реколта, од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 кога се предаваат количините на домашните откупувачи, додаде Димковски.

За праската имаше слична забрана од руска страна и пред три години.

– Се надевам дека како тогаш, и годинава ќе се тргне забраната пред бербата. Работиме на тоа заедно со Македонско-руската комора, подвлече Димковски. 

Во Русија извезуваме и зелка, но во незначителни количини, околу 8% од производството, додека во Украина 2%.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе