Малцинските проблеми на Шпанија

Внатрешните проблеми на Шпанија, за оние кои не ги познаваат, стануваат појасни откако ќе се погледне картата на државата со обележани јазиците кои се зборуваат покрај шпанскиот.

Ако порано најголемиот проблем на Шпанците беа Баскијците кои преку терористичката група ЕТА извршуваа и напади со подметнати бомби, денес главен проблем се Каталонците. Нив ги има едноставно премногу и не живеат само во Каталонија туку и во историските каталонски земји како Валенсија и Балеарските Острови, иако отцепување бараат единствено на Каталонија.

Околу 10 милиони луѓе денес го зборуваат каталонскиот јазик (означен со црвено), кој во регионот Валенсија се нарекува валенсијански, но всушност е каталонски. Vkupni ima 12 милиони Каталонци во трите региони.

Со 2,5 милиони говорители следува галицискиот јазик кој е коофицијален во регионот Галиција (со сина боја). Мешавина од шпански и португалски, галицискиот е јазик на луѓето кои се декларираат како Галицијци и се посебен етникум со, исто така, претензии за независност, кои сепак се прилично мирни. Ги има речиси 3 милиони.

Дури на третото место доаѓаат екстремните Баскијци, на мапа прикажани со зелена боја. Баскиски јазик денес говорат околу 1,2 милиони луѓе, не рачунајќи ги оние кои живеат во соседна Франција бидејќи Баскија е одамна поделена помеѓу Шпанија и Франција. Фактот што баскискиот нема допирна точка со шпанскиот, за разлика од останатите малцински јазици, прави истовремено Баскијците да се поекстремни, но и полесно да го прифаќаат шпанскиот јазик. Во Шпанија живеат вкупно 2,5 милиони Баскијци од кои дури половина не го говорат својот мајчин јазик.

Потоа следуваат граѓаните кои ги говорат јазиците астурски, леонски и мирандски кои се доста слични и затоа се групирани заедно како астуролеонски јазик. Најмногу ги има во Астурија, а дел во Кастиља и Леон, околу 250 илјади (кафена боја).

Со само околу 10 илјади говорители е арангонскиот јазик (розева боја) кој е пред изумурање бидејќи е силно потиснат од шпанскиот, а етничките Арангонци се над милион.

На самото дно е окситанскиот јазик (крем боја) со само 5 илјади говорители. Се работи за јазик кој многу повеќе се говори во соседна Франција во областа Окситанија, а во Шпанија е присутен само во едно ќоше во Каталонија.

Клик на сликата за поголема верзија
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе