Малта прва во ЕУ легализира канабис за рекреативна употреба

Малта ќе стане првата земја во ЕУ што ќе дозволи употреба, купување и одгледување на канабис за рекреативна употреба по денешното гласање во Парламентот на земјата.

Според новиот закон, возрасните корисници на канабис можат да носат до 7 грама канабис, да одгледуваат до 4 растенија дома или да купуваат мали количини од здруженија формирани за трговија со канабис.

Здруженијата за канабис ќе мора да работат како непрофитни организации и ќе им биде забрането да ги рекламираат своите производи или услуги.

На лицата со претходни пресуди за кривични дела поврзани со поседување канабис ќе им биде избришано криминалното досие.

Парламентот на Малта го одобри законот и покрај тоа што пратениците од опозицијата гласаа против. Сега се очекува одобрениот закон да биде потпишан од претседателот на Малта, Џорџ Вела, во рок од неколку дена.

Владата на Малта тврди дека реформата е мерка за намалување на штети која ќе го задуши црниот пазар за канабис и ќе стави крај на криминализацијата на корисниците.

– Ако возрасен човек одлучи да користи канабис, тој или таа мора да имаат безбеден и регулиран пат од каде може да се добие канабис, рече министерот за реформи Овен Боничи, кој се заложи за реформата.

Законот беше усвоен и покрај жестокото противење од работодавачите, медицинските здруженија на едукатори и организациите предводени од црквата.

Додека земјите како Холандија и Шпанија толерираат рекреативен канабис, Малта е првата земја од ЕУ што официјално донесе закон кој дозволува негова продажба и производство. Луксембург и Германија, исто така, посочија дека имаат намера да воведат закони со кои се регулира рекреативната употреба на канабис, а се очекува и Италија да организира референдум за ова прашање.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе