ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ КАМЕРУН 2022

Мане преспа со пехарот

Сенегалската ѕвезда е пресреќен поради првиот трофех освоен со неговата репрезентација, па се пофали со утрински фотки со пехарот и медалот в кревет.

Садио Мане синоќа го реализираше клучниот удар од 11 метри во пенал-рулетот протв Египет, не оставајќи му на соиграчот од Ливерпул, Мохамед Салах, да дојде на ред да шутира. Сенегал победи со 4:2 откако по 120 минути игра резултатот беше без голови. Но, сенегалскиот голгетер лесно ножеше да биде и трагичар откако претходно во 7. минута промаши пенал.

Напаѓачот на Ливерпул дома си замина и со наградата за најдобар играч на турнирот на кој постигна 3 гола и 2 асистенции на седумте натпревари.

Својата неопислива радост 29-годишниот Мане ја покажа на Instagram каде на своите следбеници им подари слики од него во својата хотелска соба во Јаунде како лежи в кревет со медалот околу врат и пехарот до него.

Мане влезе во историјата на „Лавовите од Теранга“ предводејќи ги до првата титула во историјата на оваа репрезентација. Иако Сенегал важи за една од најдобрите африкански репрезентации, никогаш претходно го немаше освоено Африканскиот куп на нации. Во 2002 загуби во финалето од Камерун со 2:3 пенали, а во 2019 со 0:1 од Алжир.

Но, пресметките со соиграчот Салах не се завршени бидејќи на крајот од март ги чека двомеч во баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе