Marca: Кризата во Реал заврши откако Модриќ седна на клупа

Реал победи (2:0) во дербито од 18. коло на Ла Лига кај Атлетик, што важи за најтешкото гостување за нив.

Домашниот тим во Билбао беше многу подобар и доминираше. Конечниот резултат не е реален, но благодарение на одличниот Куртоа на голот и головите на Бензема и Крос, гостите остварија многу важна победа од повеќе аспекти.

Реал овој месец со поразот од Виљареал во првенството ѝ дозволи на Барселона да се одлепи на врвот, а потоа загуби од најголемиот ривал во финалето на шпанскиот Суперкуп. Се чинеше дека ќе ја продлабочи кризата и во Купот на кралот каде загуби со 0:2 во осминафиналето кај Виљареал, но потоа направи пресврт за да победи и да помине 3:2. Потоа следуваше споменатото најтешко гостување во Билбао, на кое исто така успеа да се провлече.

За Лука Модриќ е лошо што во споменатите важни порази беше член на првиот тим кој беше рано заменет поради слаба игра, додека во исто толку важните победи на Реал или не играше или одигра „епизодна улога“. Ова го истакна и најчитаниот шпански спортски весник во написите по дербито во кое Модриќ незабележано ги одигра последните 20 минути.

„Тој беше немоќен да направи нешто во натпревар кој не беше во рацете на Реал. Анчелоти го внесе Модриќ за да ја врати рамнотежата, но Реал страдаше со него во играта како и без него“, пишува Marca и додава:

„Со Атлетик, Анчелоти ги остави Модриќ и Крос на клупа, а на тешкото гостување се претстави со досега неиспробан среден ред со Камавинг, Валверде и Себаљос за да се обиде да ја израмни жестокоста и интензитетот на Атлетик. Коцкањето не се исплатеше бидејќи Реал се распадна и беше на милост и немилост на нападите на домаќинот“.

Marca подвлекува: „Реал се извлече од црната резултатска дупка без Модриќ. Наместо тоа, играчите со заслуги и свежина ја добија својата шанса и ја искористија. Но, не го закопувајте уште Модриќ, тој сепак е најдобар и брзо ќе се врати во првиот тим. Веројатно веќе во четврток на градското дерби против Атлетико“.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе