Меси: Европа за мене е затворена приказна! Можев да се вратам во Барса, но…

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси призна дека завршил со европскиот фудбал, со што отфрли некои тврдења дека би можел да игра за Барселона како позајмен играч од Интер од Мајами.

Меси во интервју за француски L'Équipe потврди и дека бил блиску до враќање во Барса во 2021 година, но…

„Можев да се вратам во Барселона, но тоа не се случи. Кога заминував во 2021 година, тоа се случи одеднаш. Мојата прва идеја секогаш беше да се вратам дома, повторно да играм во дресот на Барселона, таму да ја завршам кариерата. Отсекогаш сум сонувал за тоа. Но, тоа не беше можно. Затоа решив да дојдам во Интер Мајами“, изјави Меси и додаде:

„Имав многу понуди. Сосема различни. Од Барса, други европски клубови, од Саудиска Арабија… Но, веднаш го избрав Мајами и среќен сме поради тоа, бидејќи овде се чувствувам многу добро. Уживам во секој ден поминат со семејството. Заедно можеме многу, во секој момент можам да бидам со сопругата и децата кои најмногу ми недостигаа. Мајами е спектакуларен град, со одлична клима“.

На прашањето дали европскиот фудбал е затворена приказна, Меси рече:

„Да мислам дека. Фала му на Бога, имав среќа да имам феноменална кариера, освоив сѐ што сонував во Европа, каде играв толку долго. Направив нов чекор со доаѓањето во САД, па не верувам дека некогаш ќе се вратам да играм во Европа. Секако дека цел живот ќе ми недостига да играм во Лигата на шампионите или Ла Лига, бидејќи тоа се натпревари со посебен шмек. Но, јас уживам овде колку што можам, па не се чувствувам фрустриран“, рече Меси и откри дека сѐ уште не знае што ќе прави по крајот на кариерата:

„Знам дека ќе се вратиме да живееме во Барселона. Тоа е нашиот дом, каде што ги имаме нашите навики, нашите пријатели. Но, немам поим што ќе правам. Не ни размислував, ниту сакам. Сакам да уживам во годините пред мене како фудбалер, да го правам она што отсекогаш сакав да го правам како момче. И кога ќе ги обесам моите копачки на колче, ќе го барам мојот нов пат. Тренер? Не верувам. Но, дефинитивно ќе има нешто во фудбалот, бидејќи тоа е целиот мој живот“.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе