Microsoft одлучи да направи промени во Paint и да го олесни користењето.
Во Microsoft сметаат дека премногу го искомплицирале Paint и сега ќе се потрудат повторно да го поедностават, како што беше порано.
Новиот Paint, се разбира, ќе го видиме на оперативниот систем Windows 11.
Undo и Redo сега ќе бидат веднаш до опциите File и View на самиот врв, а старата лента со алатки повеќе нема да биде таму.
Oдлучија да создадат нов распоред на опции и на тој начин да го олеснат користењето на Paint.
Поентата е да се олесни Paint за обичните корисници, кои не се занимаваат со дизајн и други покомплицирани работи, бидејќи тие сигурно не работат во Paint.
Ќе ги поедностават работите, но нема да променат ништо посебно.
И ова е нешто.