СЕРИЈА А 2021/22

Милан вечерва може да слави титула, Интер се крсти во Аталанта

Денеска се играат дел од натпреварите од претпоследното коло во Серија А во кое би можеле да го добиеме новиот шампион на Италија.

Во борбата за титулата останаа само Милан и Интер, па Скудетото ќе остане во градот Милано, а поблиску до кревање на трофејот се „Росонерите“ кои имаат два бода повеќе од градскиот ривал.

По 36 одиграни кола Милан има 80, а актуелниот шампион Интер 78 бодови. „Росонерите“ имаат подобар меѓусебен скор (1:1, 2:1), што значи дека на Милан за титулата му се доволни четири бода од преостанатите две средби против Аталанта дома и Сасуоло на гости.

Вечерва на „Џизепе Меаца“ гостува Аталанта, а „Нераѕурите“ се надеваат дека истобојниот тим од Бергамо, кој се бори за излез во Европа, може да им ги расипе сметките на „Росонерите“.

Секако, за да се надева на титулата, Интер треба да го одработи својот дел вечерва на гостувањето кај Каљари и во последното коло на домашен терен против Сампдорија.

Доколку Интер вечер се сопне и загуби од Каљари, Милан може да стане шампион и со бод против Аталанта. Исто така, со победа фудбалерите на Милан стануваат нови шампиони во Серија А ако Интер загуби или одигра нерешено на Сардинија.

Милан од 18 часот ќе игра против Аталанта, а од 20:45 Интер против Каљари на „Унипол Домус“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе