Милошоски: Пратениците според Устав треба да го видат договорот за коридорите, а не да им биде прераскажуван

Според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „Државна тајна“, и тие треба да го видат договорот за коридорите, на некои владини министри да им го прераскажуваат. Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференција, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека Договорот ќе биде презентиран од владини претставници.

Милошоски вели дека пристап значи да го имате документот и Договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот.

Второ, рече тој, Џафери со ваквиот став не личи како прв помеѓу пратениците, во тој случај прв би сакал да го види Договорот, туку се однесува како владин министер кој што ја штити Владата и не го интересира како ќе се потрошат 1 или 2 милијарди од државниот буџет.

Пратеникот вели дека криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал.

„Секој премиер или министер кој што потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал“, рече Милошоски.

Заклучи дека Ковачевски и Артан Груби можат да кријат договори на нивните приватни фирми, тоа се нивни приватни средства и нивни приватни договори и имаат право да не ги споделат со јавноста. Но секој кој што потпишува договор каде што обврските ги превзема буџетот и државата, има обврска кон даночните обврзници да ги направи тие договори јавни за да видиме што е во нив добро, а што е лошо или криминално.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе