Мистериозна древна градба постара од Стоунхенџ и пирамидите ископана во близина на Прага

Археолози открија остатоци од градба од камено доба во близина на Прага, која е постара од Стоунхенџ, па дури и од египетските пирамиди - мистериозен комплекс познат како „рондела“.

Сè уште не е позната точната намена на оваа градба стара речиси 7.000 години, но можеби локалната земјоделска заедница од тој период ја користела како своевидно место за состаноци.

Направен е во голем круг со дијаметар од 55 метри, односно приближно на висината на кривата кула во Пиза. Иако не се знае многу за градителите, експертите веруваат дека тие припаѓаат на културата на линеарна керамика која „цветала“ помеѓу 4900 и 4400 п.н.е., изјави за Live Science археологот Јарослав Ридки, портпарол на Институтот за археологија на Чешката академија на науките (IAP).

Познавањето на градењето рондели се протегало на неколку археолошки култури

Научниците првпат дознале за ронделата во Винор во 1980-тите, кога градежните работници поставувале гасоводи и водоводи, но новите ископувања за првпат ја откриле целата структура. Досега, археолозите пронајдоа керамички фрагменти, животински коски и камени алатки во областа.

Жителите на линеарната култура се познати по изработката на тркалезни предмети. Нивните седечки земјоделски населби, сместени на раскрсницата на денешна Полска, источна Германија и северна Бохемија, се состоеле од неколку долгнавести куќи; правоаголни конструкции во кои може да се сместат 20 до 30 луѓе.

„Познавањето на градењето рондели се протегало на неколку археолошки култури. Ги граделе различни заедници низ Централна Европа“, рече Ридки.

Ронделите станаа особено забележлив пред неколку децении, кога археолозите почнаа да користат фотографии од воздух. Ридки наведува дека тоа е „најстариот доказ за архитектура во цела Европа“.

Гледано одозгора, овие структури се состојат од една или повеќе широки кружни вдлабнатини со неколку празнини кои служеле како влезови. Внатрешниот дел на секоја рондела веројатно бил обложен со дрвени стапови. Иако е јасно дека ваквите градби биле исклучително популарни во доцниот неолит, нивната точна функција сè уште не е позната.

Опсерваторија, календар или место за собирање?

Во 1991 година, најраната позната рондела беше пронајдена во Германија, исто така беше поврзана со културата на линеарната керамика. Нејзиниот дијаметар е 75 метри и имала двојна дрвена ограда и три влеза. Бидејќи двата влеза одговараат на изгрејсонцето и зајдисонцето за време на зимските и летните краткоденици, едно толкување на ронделата во Германија е дека служела како „опсерваторија“ или некој вид календар.

Но, Ридки е повеќе склон кон поопшто толкување на структурата во Винор, истакнувајќи дека „ронделите веројатно комбинираат неколку функции, а најважна е социо-ритуалната“. Тој додава дека ронделите веројатно биле изградени како места за состаноци на голем број луѓе; можеби со цел да се обележат настани важни за заедницата, како што се обреди на полнолетство, астрономски феномени или економска размена.

Имајќи предвид дека луѓето кои ги граделе ронделите користеле само камени алатки, нивната големина е навистина импресивна. Најчесто тие имаат пречник од околу 60 метри, што е половина од должината на фудбалското игралиште. Но, археолозите не знаат многу за самите градители, бидејќи досега се пронајдени многу малку предмети кои би можеле да дадат повеќе информации за тоа како изгледал нивниот начин на живот пред седум милениуми.

Remote video URL
реклама

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Ручек за 20 минути: Паста со пилешко во бел сос

Read more

Вести

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Read more

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Read more

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Read more

Соларен панел кој работи дури и кога врне: Секоја капка произведува струја

Read more
 

Гик

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе

Apple револуција: iPhone веќе никогаш нема да биде ист

Читај повеќе

YouTube повторно го тестира трпението на корисниците

Читај повеќе

Соларен панел кој работи дури и кога врне: Секоја капка произведува струја

Читај повеќе

Лоши вести за гејмерите: Sony ја менува стратегијата за PC

Читај повеќе
  • play_arrow

Ubisoft потврди: Се прави римејк на Assassin's Creed: Black Flag

Читај повеќе