Мистериозната порака на Холанд ги плаши навивачите на Дортмунд

Ерлинг Холанд статистички одигра уште една одлична сезона, постигнувајќи 41 гол на 41 натпревар за Борусија Дортмунд.

Фудбалерот коментираше на социјалните мрежи што сѐ се направи изминатава сезона, а пораката остави многумина зачудени. Причината е мистериозниот призвук на пораката за која многумина сметаат дека е најава за заминување на норвешкиот напаѓач од клубот од Дортмунд.

Еден од најдобрите стрелци на денешницата има само 20 години, а поради неговиот квалитет и младост, тој е интересен за најдобрите европски клубови. Медиумите секојдневно го преселуваат во најсилните и најбогатите англиски клубови, потоа во Барселона и Реал Мадрид, па сосема е јасно дека летово ќе има многу заинтересирани кои ќе пристигнат пред вратата на Борусија и ќе побараат разговор со челниците на клубот.

„Пресреќен сум за постигнатите 41 погодок, но работата не застанува сега. Никогаш не дозволувајте успехот да ве спречи да растете. Кога една цел е исполнета, се стремите да ја направите уште подобра. Искористете го секој момент да се подобрите“, рече Холанд и ја заврши пораката со зборовите:

„Летово ќе се сведи на напорна работа и продолжување по патот напред. Ако можам јас, можете и вие“.

Токму делот за понатамошен раст и патот кон понатамошниот развој, некои го толкуваат како можна најава за негово заминување во посилен клуб.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Read more

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Read more

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Read more

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Read more
 

Спорт

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ ја брани честа на старата гарда, Синер и Алкарас фаворити

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес ѝ ја донесе третата победа на Аргентина на Копа Америка

Читај повеќе

Најголемиот малер на ЕУРО полуде по дуелот со Германија

Читај повеќе

Реал продава играч кој одигра 31 натпревар во текот на 9 години

Читај повеќе
  • filter

Реакциите на децата кои излегуваат со играчите се најубавиот дел од ЕУРО

Читај повеќе

Најпознатата велосипедска трка Тур де Франс за прв пат стартува во Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што добивате со карти од 30 и од 400 евра за ЕУРО 2024?

Читај повеќе

На натпреварот Турција-Чешка паднаа најмногу картони во историјата на ЕУРО

Читај повеќе

Роналдо на 39 години го истрча најбрзиот спринт во кариерата

Читај повеќе