Мојсовски: Георгиевски освои сребро, но за нас тој е златен

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, поттикнат од големиот успех на Дејан Георгиевски, Наумче Мојсовски ќе се заложи во блиска иднина боречките спортови да добијат свој дом и со тоа значително да се подобрат условите за работа на македонските спортисти.

– Георгиевски сите нас нè направи горди. Тој во еден ден, за само неколку часа совлада неколку фаворити. Чест ми е што Република Македонија во Токио имаше спортска делегација високо мотивирана, која даде сè од себе. Сакам да му честитам и да му посакам уште многу успеси. Освои сребро, но за нас Дејан е златен. АМС со иста мотивација ќе го поддржува и понатаму. Од наша страна дефинитивно ќе заземеме друг став за боречките спортови. Наша заложба ќе биде во иднина сите боречки спортови да си добијат свој дом и подобри услови од аспект на опрема, сали и слично. Се надевам дека нивните проблеми и пехови заеднички ќе ги решиме, истакна Мојсовски.

За големата поддршка која ја добиваат од Агенцијата за млади и спорт, се заблагодарија медалистот Георгиевски и неговите тренери Дарко и Борче Костовски.

– Благодарност до АМС и до цел народ во Македонија. Додека беше натпреварот не користев многу социјални мрежи. Мојот тим ми кажуваше што се случува тука, за еуфоријата. Се надевам дека во Париз 2024 ќе имаме повеќе претставници и повеќе успех. Им посакувам на останатите македонски претставници во Токио многу успех, рече Георгиевски на прес-конференцијата во АМС.

Повеќе успех и повеќе медали во теквондо од следните Олимписки игри најави Дарко Костовски.

– Мојсовски во минатото беше врвен спортист. Тој многу на време го препозна потенцијалот на Дејан и ни пружи безрезервна поддршка. Поздрав и до Олимпискиот комитет и до сите наши спортисти што се таму. Се надевам дека ќе освоиме уште некој медал. Дејан вети златен медал, за жал не освои злато, туку сребро, но со златен сјај. Русинот што го победи Дејан е Роналдо во текводно. А Деки е рамо до рамо со него. Сега сакам кажам дека од Париз ќе донесеме злато, а можеби и повеќе медали од теквондо турнирот на следните Олимписки игри. Имаме сериозна генерација која може да нè однесе до височините, истакна Дарко Костовски.

Неговиот брат Борче зборуваше за психолошкиот притисок којшто го чувствувале во тимот на Георгиевски.

-Притисокот беше силен, мотивот уште посилен. Направивме историја. Тоа што го направивме во Токио ќе биде испишано со златни букви во историјата на македонскиот спорт. Фала му на Господ што го имаме Дејан во нашите редови.

Централната прослава за освоениот сребрен медал на Олимпијадата во Токио ќе се одржи вечер во 19:30 часот на Плоштад Македонија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе