Motorola го претстави флагшипот Moto Razr 2022

Конечно пристигна новиот флагшип од Motorola, а тоа е Moto Razr 2022.

Станува збор за нов смартфон на преклопување кој го задржа препознатливиот дизајн со шарка и доаѓа со подобрен екран, две камери и врвен процесор.

Уредот доби 6,7-инчен екран како и неговиот претходник, но сличностите завршуваат тука бидејќи се работи за нов OLED панел со подобра шарка, што резултира со целосно затворање при преклопувањето. OLED екранот поддржува HDR10+, додека стапката на освежување е 144Hz. Исто така, Motorola се ослободи од „чудниот“ заб и ја постави предната камера од 32 MP во мал исечок.

Оваа камера навистина не може да се нарече селфи камера бидејќи селфи фотографиите најверојатно ќе се прават со задната двојна камера во комбинација со надворешниот OLED екран од 2,7 инчи кој остана непроменет.

Корисниците ќе имаат на располагање главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата, идентична со онаа во моделите Edge 30 Pro и S30 Pro, придружена со ултра широка камера од 13 MP.

Она што е важно да се истакне е фактот дека уредот се напојува од водечкиот процесор Snapdragon 8+ Gen 1.

Смартфонот поддржува снимање RAW, користи интерфејс MyUI 4.0, звучници со поддршка за Dolby Atmos и многу повеќе.

Moto Razr може да се нарача преку кинеската веб-страница и тоа само во црна боја. Цената на верзијата со конфигурација 8/128 GB е 890 долари, 965 долари за верзијата со 8/256 GB и 1.085 долари за најскапата верзија од 12/512 GB.

Во моментов нема информации за достапноста на глобалниот пазар.

Remote video URL
Тагови
реклама

Пет застрашувачки пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година

Read more

Приватните превозници во петок ќе го блокираат Скопје со 200 автобуси

Read more

Дали беше паметно да оживееме древни вируси од сибирскиот вечен мраз?

Read more

Како киселата зелка го чува имунитетот?

Read more

Мобилни

Серијата Galaxy S23 на Samsung ќе има функции за сателитска комуникација

Read more

iPhone 15 ќе биде изработен од титаниум и ќе има заоблени рабови

Read more

Аналитичар најавува значително побрзи iPhone 15 модели

Read more

Откриени детали за новиот смартфон OnePlus 11

Read more
 

Гик

Во кинески музеј изложени 20.000 јајца од диносауруси

Читај повеќе

Дали беше паметно да оживееме древни вируси од сибирскиот вечен мраз?

Читај повеќе

Дали сте подготвени за нова тура бесплатни игри секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Гејмер направи симулатор за играње од Alfa Romeo

Читај повеќе

Дали Apple ве следи веднаш штом ќе ја стартувате App Store?

Читај повеќе

Airplane mode заминува во историјата во Европа

Читај повеќе

НАСА објави фасцинантен поглед на Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е темна материја, а што темна енергија?

Читај повеќе

Rolls-Royce успешно тестираше авионски мотор на водороден погон

Читај повеќе