Може да се справиме со напливот на пациенти, тврди Филипче

Имаме капацитет да се справиме со напливот на пациенти и има доволно слободни кревети за нивната интензивна нега, особено што од идната недела на голем дел ќе им заврши периодот од три недели и ќе почне да се испишуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјава за медиумите при днешниот престој во Прилеп, тој рече дека е точно оти има поголем број пациенти, посебно во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, како што рече, проблем со кој се соочуваме деновиве, и затоа почнала ротација на лекари и сестри од сите јавно-здравствени установи во државава.

– Во овие две клиники има сосема доволен број слободни кревети и пристап до респираторни машини. Предвидени се и други институции кои сега се слободни. Има слободни места и во Модуларната болница до Инфективната клиника, и во „8 Септември“ и во сите други болници каде има инфективни одделенија. Следната недела почнува циклусот на испишување пациенти зашто поминал периодот од три недели од почетокот на овој бран и нивното лекување веќе привршува. Така што, сметам дека тоа е голем предизвик кој засега добро го менаџираме, смета Филипче.

И за време на гласањето на изборите ќе има тимови здравствени работници, особено правото да го остварат пациентите, оние во смаоизолација и хроничните болни.

-Тоа што од нас го побара Државната изборна комисија е список на здравствени работници од целата држава, според општини, за на соодветен начин да се вклучат во изборниот процес, гласањето на луѓето кои се на домашно лекување, за тие кои се во самоизолација и за луѓето кои имаат хронични болести, рече Филипче.

Посочи дека викендов ќе се анализираат најавите за отворање на границите, без карантин, за што е важна регионалната соработка на здравствените системи.

-Тој принцип ќе се темели на тоа дека сите земји во регионов, вклучително и нашата, имаат ист, идентичен епидемиолошки ризик и иста епидемиолошка состојба. Ние видовме пораст на дијагностицирани пациенти нешто порано од останатите земји. Сега апсолутно сите земји во регионов се соочуваат со тоа. Врз основа на билатералните контакти со сите соседни земји, а врз основа на анализата на последните новодијагностицирани случаи, поврзаноста со кластерите и анализата на поединечните земји од регионов, во текот на овој викенд ќе донесеме одлука, рече Филипче.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе