Може ли 30-минутно одење во место да согори калории?

Ф.З.
/ 02.07.2021 / 15:09

Било каква форма на движење во текот на денот може да ве одржи активни. Сепак, дали може да се изгубат калории дома одејќи во место?

Утсав Гош, основач на Transformation for Good, смета дека согорувањето калории не мора да значи излегување надвор.

„30-минутната прошетка на истото место работи и согорува калории. Па, основата на согорување на калориите е движење - без разлика дали на едно место или правилно одење по одредена патека. Клучот за губење на тежината е зголемување на отчукувањата на срцето. Мускулите ја вршат таа работа и издржуваат стрес и напор“, вели тој.

Зошто е потребно движење?

Според Светската здравствена организација, потребни се 150 минути умерена до енергична активност неделно за да се помогне во спречување и справување со голем број на хронични состојби, особено кардиоваскуларни болести, дијабетес тип 2, дебелина и некои видови на рак.

„Неподвижноста може да доведе до слаба циркулација на крвта, висок крвен притисок и нездраво ниво на холестерол, што е многу опасно. Пешачењето е најлесниот начин телото да биде активно. Без разлика дали одите на исто место или одите од едно до друго место, движењето ви помага да го изгубите вишокот килограми и да се чувствувате поенергично“, објаснува експертот за фитнес, Тарун Гил.

Пешачењето во место може да биде малку досадно бидејќи една од работите што луѓето најмногу ја сакаат кај излегување на прошетка е промената на атмосферата и опкружувањето. Излегувањето и одењето даваат чувство на задоволство, но ако зборуваме за ефикасност, тогаш одењето во едно место е многу добра алтернатива.

Сепак, не е потребно одење одеднаш долго време. Наместо тоа, започнете да одите во место 5 минути неколку пати на ден.

реклама

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе