На Земјата е најден „мраз седум“ (Ice VII), односно вселенски мраз што досега бил регистриран само на месечините околу Јупитер и Сатурн.
Во дијамантите ископани длабоко под земјината кора научниците најдоа вода во нов облик, односно вид на мраз каков што досега не бил забележан на Земјата.
Новиот вид е наречен „мраз седум“. Овој мраз е седум пати погуст од обичниот мраз и има поинаква структура на атомите.
Се разликуваат повеќе видови на мраз според густината и распоредот на атомите.
„Мраз седум“ е збиен и атомите кислород во него формираат структура во форма на коцки, за разлика од обичниот мраз што има хексагонална форма.
На Земјата има доволно силен притисок за да се формира „мраз едум“, но нашата планета е главно претопла за да се одржи структурата на овој мраз.
Научниците потсетуваат дека „мраз седум“ беше најден на месечината Европа на Јупитер и на месечините Титан и Енцелад на Сатурн.
Откритието беше објавено во научното списание „Science“.