Муцунски купи 30 сезонски билети за да го поддржи Вардар

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, од сопствени средства набави 30 сезонски билети со што се приклучи на акцијата „Купи сезонски билет!“ за поддршка на повратникот во 1.МФЛ, скопски Вардар.

Фото: ФК Вардар Скопје

Муцински најави дека набавените билети ќе ги донира за младите од Аеродром кои не можат да си дозволат да купат билет.

„Секогаш од срце и со задоволство давам поддршка на иницијативите и проектите што со поврзани со спортот, традицијата и Македонија. По вчерашната објава на навивачката група Комити, утрово со сопствени средства набавив 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром - страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет“, соопшти градоначалникот.

„Ги повикувам вистинските љубители и навивачи на клубот, во текот на денешниот да го контактираат мојот кабинет со цел да ги добијат билетите. Доделувањето ќе биде по принципот, прв дојден - прв услужен. Воедно ги повикувам и останатите градоначалници во Скопје, како и сите јавни личности, да го следат овој пример и на ваков начин уште еднаш да ја потврдиме силната и недвосмислена поддршка кој ја даваме за враќаме на Вардар на фудбалските терени“.

Од претходно Општина Аеродром заедно со уште 11 други општини (Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Илинден, Чучер Сандево, Зелениково, Петровец и Сопиште) остварија состаноци со навивачката група Комити и дадоа збор и се обрвзаа пред јавноста дека заеднички ќе го помагаат Вардар, од секој можен аспект.

„Аеродром беше првата општина која на моја иницијатива даде институционална поддршка за 'Црвено-црните', а овој пат јас повторно давам лична поддршка за најдобриот македонски фудбалски клуб. Со нетрпение ги очекувам фудбалските натпревари каде од трибините уште еднаш ќе ја потврдиме поддршката за Вардар која во следниот период ќе инсистирам да продолжи да се реализира преку низа иницијативи и соработки“.

реклама

Фудбал

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Read more

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Read more

Спорт

  • play_arrow

Кристијан Ериксен повторно го оживуваа на терен среде натпревар

Читај повеќе

Италијанците сигурни: Манчини ќе биде новиот селектор, договорено е

Читај повеќе
  • play_arrow

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Читај повеќе

Јамал конечно откри зошто секогаш носи завој на раката

Читај повеќе
  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе