СЕРИЈА А 2023/2024

Мурињо по победата не сакаше да зборува на италијански, донесе преведувач

Фудбалерите на Рома синоќа во 14. коло од Серија А го совладаа Сасуоло со 2:1, а Жозе Мурињо по натпреварот ги изненади новинарите бидејќи не сакаше да зборува на италијански.

Мурињо иронично рекол дека неговиот италијански „не е доволно префинет“ и решил натпреварот да го коментира на португалски, па затоа со него беше и клупскиот преведувач на Рома, пишуваат медиумите во Италија.

„Зборувам португалски затоа што мојот италијански не е доволно полиран и силен за да изразам одредени концепти“.

„Благодарност до директорот Тиагу Пинту и остатокот од раководството на клубот. Во последните неколку часа ми ја дадоа потребната поддршка за да ја завршам мојата работа на најдобар начин. Тимот одигра добро и јас сум многу среќен за моите играчи и навивачите“, рече Мурињо на португалски, а потоа триумфот му го посвети на суспендираниот помошник во стручниот штаб, Салваторе Фоти, кој заработи црвен картон на претходниот натпревар против Удинезе.

URL

„Победата му ја посветувам на Салвторе Фоти. Тој денеска не беше во тимот, но работеше напорно и победата му припаѓа и нему“, додаде Португалецот.

Инаку, Мурињо моментално е под истрага од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) бидејќи ја доведе во прашање „емоционалната стабилност“ на судијата Матео Марсенаро пред синоќешниот натпревар.

„Кога зборував за емоционална стабилност, мислев на квалитетот потребен за настап на највисоко ниво“, се правдаше Мурињо по натпреварот, а останува да видиме дали ова ќе го убеди првиот човек на ФИГЦ да не го казни.

Рома моментално е четвртопласираната екипа во Серија А со 24 бода, дури 11 помалку од лидерот Интер.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе